Економија
Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар
Во септември годинава во однос на август годинава зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар е регистрирано во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти, Енергија за 1,7 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 процент.

Податоците на ДЗС за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември споредено со септември лани покажуваат дека има зголемување во групите Енергија за 7,3 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1 процент.
октомври 28, 2025

