Хроника
Жители од Криволак пријавиле неготинец за навреди на национална основа
Мештани од Криволак пријавиле неготинец во полиција за навреди на национална основа, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во ОВР Неготино, 107 мештани од село Криволак, неготинско, со писмо со нивни потписи, пријавија дека Љ.Т. од Неготино на социјална мрежа објавил видео, што е јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
октомври 26, 2025

