Connect with us

Економија

Меѓународен форум за енергија за одржлив развој во Скопје од 28 до 30 октомври, најавени над 600 учесници од 70 држави

 Скопје ќе биде домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) од 28 до 30 октомври, на кој се очекува учество на над 600 лица, владини и претставници на меѓународни организации и банки, академската заедница, приватниот сектор и граѓански организации од 70 држави. Над 150 експерти ќе дебатираат на 35 панелски сесии.

Целта е да се понуди сеопфатна перспектива за глобалната енергетска транзиција преку споделување национални и регионални стратегии за забрзување на чиста енергија, претставување на иновативни технологии и решенија од меѓународни организации, приватниот сектор и академијата. Ќе бидат промовирани механизми за финансирање и партнерства, со обезбедување инклузивно учество на младите, жените и граѓанското општество. 

Домаќин на форумот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA и ESCWS). 

Министерката за енергетика, рударство и минирелани суровини Сања Божиновска изјави дека форумот е многу значаен и оти со УНДП на неговата подготовка работеле една година.

 -Обезбедивме над 150 експерти кои ќе учествуваат како панелисти, а ќе имаме 35 панел сесии. Тоа ќе биде од исклучителна важност за целиот регион и на светско ниво, бидејќи учествуваат сите пет региони, има и од Африка, Латинска Америка, Азија. Скопје и Македонија се ставени не само на европската туку на светската мапа. За учеството имавме интерес од над 1000, имавме селекција, и ќе има околу 600 до 700 лица. Ќе има многу интересни панели кои се поврзани и важни и за Македонија – праведната транзиција, млади во енергетиката. Ќе ни ги кажат искуствата кои се применуваат на светско ниво и ќе се запознаат со работата на Министерството. Очекуваме претставници од над 70 држави, изјави Божиновска, по денешниот брифинг во МЕРМС посветен на организацијата на форумот.

Таа најави дека на последниот форумски ден ќе биде потпишана Декларација Скопје која, потенцираше, ќе остане запаметена на ниво  на ОН, што значи дека Скопје ќе биде на таа мапа.

Постојаниот претставник на УНДП Армен Грегоријан оцени дека темата „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ е повеќе од слоган бидејќи ја одразува итноста која сите ја чувствуваме. 

– Енергетската сигурност и климатската отпорност се две страни од истата паричка бидејќи светот се соочува со зголемени ризици во однос на климатските промени, поплави, топлински  бранови, пожари и сето она што предизвикува стрес во однос на инфраструктурата и економиите.  Одржливата енергија претставува клучна двигателна сила за одрживоста во иднинатата,  така што на глобално ниво УНДП завршува голема работа на оваа тема.  Заедно со енергетскиот акциски план на ОН, Стратешкот план на УНДП сака да постигне трансформативна енергетска цел, а тоа е да имаме уште дополнителни 500 милиони луѓе кои ќе имаат пристап до одржлива, достапна и веродостојна енергетика.  За да се постигне оваа визија, потребно е сите заеднички да делуваме и нема подобро место за дискутирање на такви теми од овој форум на кој ќе имаме претставници од многу земји, меѓународни организации, бизнис заедници, финансиски институции, рече Грегоријан. 

Тој порача дека децентрализраните енергетски системи веќе не се опција, туку стратешки пристап. 

– Сите сме свесни дека во Северна Макоднја генерирањето на еектричната енергија доаѓа од термоелектраните, но исто така сме и сведоци на трансформативните промени. Децентрализираните енергетски системи не се веќе нешто што е опционано, тие се веќе нешто што е стратешко, а децентралзацијата  значи и отпорност и пониски трошоци и енергетска независност. исто така ги  поддржува целите на Владата, а тоа значи да се постигнат сите цели според патоказот за праведна транзиција, рече Грегоријан. 

Укажувајќи дека финансите мора да ги следат амбициите посочи дека на овој форум ќе се покажат различни механизми коишто ќе обезбедат да се спојат и јавниот и приватниот капитал за да се модернизраат и мрежите, за да се овозможи употреба на обновлива енергија и да се направи содветното  прилагодување.

Форумот IFEСD-14 во Скопје ќе се надоврзе на резултатите од минатогодишното издание, што се одржа во Бангкок, а со цел да да обезбеди платформа за конкретни акции и политики кои ќе ја забрзаат  праведната и инклузивна енергртска транзиција.