Вести
Николоски од Прилеп: Кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најдобриот избор, очекувам голема победа

Благодарам на присуството, се надевам дека ќе имаме еден мирен изборен ден во којшто граѓаните ќе можат да го искажат својот избор.
До сега изборниот ден се одвива добро, мирно, без инциденти. Додадена вредност во нашиот изборен систем е што Државната изборна комисија секогаш е водена од опозицијата и тоа дава дополнителна сигурност и дополнителна гаранција за фер и демократски избори.
Се надевам дека Државната изборна комисија предводена од Борис Кондарко, којшто е предлог на СДСМ, ќе успее да спроведе фер и демократски избори, дека граѓаните ќе можат да го искажат својот став на еден мирен и демократски начин.
Сметам дека имавме една добра кампања во којашто ги претставивме нашите позиции, и зошто сметаме дека нашите кандидати се најдобри и треба да се направи вистинскиот избор, и очекувам денеска да граѓаните тоа го потврдат.
Очекувам една голема, извесна победа и на ниво на држава и тука во Прилеп. И очекувам најголем дел од победите да бидат во првиот круг и очекувам во Прилеп, исто така, да имаме победа во првиот круг.
октомври 19, 2025