Вести
Ахмети отиде во Тирана да протестира, се сретна и со Бегај

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска е во Тирана за да учествува на протестот на Организацијата на ветерани на ОВК, при што се сретна со албанскиот претседател Бајрам Бегај.
Албанскиот претседател објави на Фејсбук фотографија од средбата со кусо објаснување за што било разговарано.
„Со Али Ахмети развоваравме за праведната војна на ОВК, која имаше и има едногласна поддршка од Албанците и нашите западни сојузници. Разговаравме за поблиска соработка, зголемување на улогата на албанскиот фактор во регионот, како и за значајниот придонес на овој фактор во процесот на европска интеграција и поддршката што Албанците насекаде во регионот ја даваат на овој процес, објави Бегај на ФБ.
Претседателот Бегај се задржал на меѓусебна соработка и единство по прашања поврзани со националниот идентитет, мирот, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан и неговата евроатлантска интеграција.
Тој ја гарантирал поддршката на Албанија за албанскиот политички фактор во регионот и напорите за обезбедување подобар живот за нејзините граѓани“.
октомври 17, 2025