Вести
Контролорите на летање нема да штрајкуваат в понеделник, ќе ја обжалат судската одлука за забрана на штрајкот

Струковиот Синдикат на Контролири на Летање на Македонија (ССКЛМ) најавува дека ќе ја почитува вчерашната одлука на Граѓанскиот суд со времена мерка за забрана на штрајкот, што овој Синдикат требаше да го реализира в понеделник од 10 до 15 часот, со запирање на сите полетувања и слетувања на Скопскиот и Охридскиот аеродорм и со намалено опслужување за 50 проценти на прелетите. Ќе ја обжалат одлуката и ќе побараат предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана. Ќе се обратат и до Републичкиот судски совет и ќе поднесат претставка против судијката која го водела предметот.
– Мора да го почитуваме решението на Судот, ќе ги известиме денеска М-НАВ дека нема да има штрајк, ќе го ставиме штрајкот во мкирување, но нема да се откаже е и ќе продолжиме со други актиовности, но ќе најдеме начин повторно да направиме се што е потребно за да ги оствариме нашите барања што се дел од Спогодбата за којашто инсистираме дека директорите треба да ја испочитуваат, рече денеска на прес-конференција претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.
Граѓанскиот суд вчера донесе решение со кое, како што беше соопштено, се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка забрана на најавениот штрајк од страна на ССКЛ. Со оваа Одлука, соопшти М-НАВ, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.
Рочиштето првично беше најавено дека ќе се одржи денеска, а Тасевски вели дека немале никакво известување, ниту покана за тужбеното барање односно дека има постапка против Сидникатот за запирање на штрајкот.
– По вчерашното известување за такво решение и откако се запознавме со документацијата што ни беше аддена преку ј од нивниот адфвокјат ние бевме спремни денеска да се појавиме на тоа рочиште, но испадна дека е откажано и воопшто не ни беше дадена прилика да ја изложиме нашата одбрана и сето она што е наведенио невистинито во нивното тужбено барање да го оспориме на Суд, рече Тасевски.
Според него, тужбеното барање од страна на М-НАВ воопшто не е барање за времена мерка, туку, како што рече, за отпочнување постапка која ќе треба да трае на рочиште и од таа постапка со изложување докази од двете страни да се увиди дали навистина се е испочитувано, имаме право на штрајк или ако немаме Судот да донесе одлука дека штрајкот не може да се спроведе како таков и дека треба да се прекине.
– Во решението што е доставено од Судот, Судот навел дека самиот цени оти барањето на тужителот го смета како времена мерка. Барање на времена мерка, што е спротивно на закон. Нашите правници денеска ги формираат одговорите на тужбеното барање и жалбата и ќе бидат доставни, но за ова ќе се обратиме и до Републичкиот судски совет каде што ќе се бара нивно разгледување и ќе се поднесе претставка и против судијката која го водела предметот, аќе биде контактиртан и претседателот на Судот, и ќе бараме предметот повторно да биде вратен на рочиште и да се дозволи да ја изложиме нашата одбрана, најави Тасевска.
Тој дополни дека во времената мерка не стои никаков рок, што вели значи дека не може да биде времена мерка. – Вика се донесува времена мерка штрајкот да се прекине, нема ниту кога да се закаже следно рочиште, ниту дека е закажано, напротив вели дека рочиштео закажано за 17.10.2025 се откажува што се гледа дека е тенденцизоно и да не ни се даде можност за одбрана во наша полза, наведе Тасевски.
Доколку имало рочиште рече дека ќе ги изложеле сите докази со кои уверува дека ќе го оспорат тужбеното барање.
– Ќе ги покажевме нашите дакази дека имаме леготимитет да поведеме постапка за штрајк, дека постапката за помирување не само што е почната, завршена, туку дека имаме и помирувач, за којшто и покрај ургентното барање до Министерството ни беше доставено известување после месец и половина. Постапката за помирување трае 10 дена а ние побаравме да биде 15 за да имаме време за да се спроведе како што треба. Постапката во нашиот случај е почната на 15 мај 2023 година со најавата на штрајк, а помирувањето е завршено со констатација од страна на претставникот на МТСП на 3 јули 2023, односно 15 дена по роковите. Како резултат на таквата постапка продолжена е дискусија со директорите, потпишана е Спогодба на ниво на Колективен договор, што е обврзувачка за двете страни. Токму тоа е она што го барае цело време во годините наназад со штрајковите што ги закажувавме и откажувавме, почување на Спогодбата, наведе Тасевски, истакнувајќи дека цело врее морале да закажуават и откажуават штрајк за да почне да се испочитува одредена точка од Спогодбата.,
Тасевски тврди дека реализацијата на Спогодбата „буквално е застаната и немало никакво придвижување“ откако е дојдена новата менаџерска структура во М-НАВ во август лани до 3 октомври кога ја доставија повторно најавата за штрајк, а директорите дури се обиделе да се прогласат за ненадлежни.
– Сите точки го тангираат Законот за работни односи, каде се повикуваме на одредби за ноќна работа, за условите за работење, за исплата на надоместоците согласно Закон и Колективниот договор за ангажмани. Едно од барањата е подобрување на услови за работа, да се реши проблемот со водата, со денови немаме вода на работа, вработените мора да одат или во Аеродормот ТАВ или во локалните кафеани во Петровец за да извршиме нужба, рече Тасевски.
На новинарско прашање, тој оцени дека хакерскот напад од пред еден месец во М-НАВ е „квалитетот на сите кадри што ги вработија во компанијата сите овие години“.
ССКЛ бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година и состанокот во Министерството за транспорт од 12 октомври. Клучни барања на ССКЛ се ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не, како што тврдат, партиски кадри на конкурсите за кои бараа поништување, како и подобри услови за работа. Во меѓувреме ССКЛ во неколку наврати за истите барања најавуваше штрајк и го ставаше во мирување, а последната таква одлука беше донесена на 3 -ти месецов.
По една најавите за штрајк, во јули годинава, раководството на М-НАВ, преку соопштение објави дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Од М-НАВ наведоа и дека со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.
Во соопштение по најавата за штрајк на почетокот на месецов М-НАВ соопшти дека работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ризикот по безбедноста на сите граѓани, како и дека го признава правото на синдикалните организации да организираат штрајк како интегрален дел од борбата за подобрување на работничките права на вработените. – Сепак, секој штрајк во институција која обезбедува безбедносни услуги мора да биде организиран така што работно ќе бидат ангажирани доволен број на контролори на летање (и секако останатите вработени на други работни места) за да се одржи безбедното управување со воздушниот сообраќај. Ниту една активност на синдикатите или било кои други субјекти не смее да доведе до загрозување на животите или инфраструктурата. Во исто време, М-НАВ остро се спротивставува на сензационалистичките и неточни најави кои се шират од страна на дел од раководството на струковиот синдикат. Менаџментот на М-НАВ останува отворен за конструктивен социјален дијалог со синдикалните претставници и е подготвен да разгледа реални и објективни барања за кадровските и организационите прашања. Сите барања треба да се адресираат преку официјалните процедури со цел да се најде решение кое нема да ја загрози безбедноста на летовите, соопштија од М-НАВ.
октомври 17, 2025