Connect with us

Хроника

Во Дебар, лишени од слобода родители, кои малолетното дете го принудувале на питачење

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи лишиле од слобода родители на малолетно дете, кои го принудувале да питачи во Дебар.

-Вчера во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар. Тие се сомничат за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик. При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б., иформираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Бил известен јавен обвинител и на местото се повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Димоски исто така информираше дека е поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.

Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост, кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарското Езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 квадратни метри.