Хроника
Жител на кавадаречко село пријавил физички напад од братот

Жител на кавадаречко село во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од братот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Според евидентираното, вчера во 12:21 часот во ОВР – Кавадарци, 36-годишно лице од кавадаречко село пријавило дека во домот дошол неговиот брат и физички го нападнал.
Од Секторот за внатрешни работи – Велес потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
октомври 14, 2025