Connect with us

Вести

Првиот градоначалник на Кавадарци: Трнежот на државата е во правосудство, Мицкоски да истрае до крај да ја обезбеди иднината на државата

Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци и актуелен градоначалник, Митко Јанчев, денес го посети Илија Чулев, првиот градоначалник на Кавадарци во Плурална Македонија. Тој е личност која оставила длабок белег во развојот на Кавадарци. Чулев истакна дека посетата на актуелниот градоначалник многу му значи и ги сподели своите видувања. Тој го поддржа премиерот Мицкоски, и му посака сила да истрае, бидејќи, како што вели тој, задачата е многу тешка. Чулев посочи и дека Кавадарци има потенцијал да стане идеално место за живеење, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренеува интегрално.

,,Оваа посета ми значи мене многу. Сакам во оваа средба да искажам некои мои видувања. Вие ќе си кажете ваше, што мислите за средбата. Ова е Мицкоски како премиер, нека го чува господ, и бидете со него да му помогнете, да истрае до крај. Државата да ја обезбедиме за нашите деца на иднината. Со правосудството мора да раскине таа работа, од корен, оти основно е за  трнежот     на државата. Тука е клучот. После доаѓаат безбедносни, внатрешни, образование, медицина. Се е корумпирано“, рече Чулев.

На ова, Јанчев се надоврза и истакна дека Општина Кавадарци има добра соработка како локална власт со централната власт, односно со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој зборуваше и за важните инфраструктурни проекти како обиколницата за Кавадарци, граничниот премин Пуљевац и старечкиот дом.

,,Владата што е на чело со господинот Мицкоски, и прекрасната соработка и близина што ја имаме, прво како луѓе пред се, после и како партијци, и нормално како централна и локална власт и сите оние проекти кои што уште од ваше време се замислени. Тоа е за обиколницата за Кавадарци, граничниот премин Пуљевац, патот до Дисан, прочистителната станица, старечки дом, отворен, затворен базен“, вели Јанчев.

На ова Чулев додаде: ,,Имате доста остварено, квалитетни работи имате остварено“.

Јанчев додаде дека со помош на Владата ќе се реализираат проекти кои се вредни над 80 милиони евра во наредните 4 години.

,,Над 80 милиони евра, кои што мислам дека во наредните 4 години заедно со Владата ќе ги спроведеме. Убаво кажавте дека оваа држава мила и драга, има средства, само да не е корумпирана. Да се решат некои работи од корен на државата, мислам дека премиерот е веќе одлучен тоа да го реши и ќе го реши“, кажа Јанчев.

Чулев дополни: ,,Дај боже, господ да го чува, многу е тешка таа задача“.

Јанчев посочи дека целта е Кавадарци да се обнови и да се подобри инфраструктурата.

,,Тешка задача е, тешко да се бори со такви струи. Кавадарци ќе се впише на мапата на град во Македонија и пошироко каде што приматот му е земен малку поодамна, од други причини, а сега да се врати на ниво да биде град број 1, по инфраструктура и по се“, рече Јанчев.

Чулев на крај заклучи: ,,Да ве спомнуваат за убаво. Дела треба не зборови. Кавадарци може да биде идеално место за живеење. Имаме ресурси“.