Connect with us

Општини

Одбележана 82-годишината од издавањето на Манифестот на НОВ од 1943 година

Делегација на Општина Дебрца денеска во историското село Црвена Вода положи цвеќе пред паметникот подигнат по повод издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, на 3 Октомври 1943 година што е и патронен празник на општината.

Притоа беше одржан и историски час во Спомен-собата на Генералштабот на Народноослободителната војска како и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта.

Како што посочи градоналалникот Зоран Ногачески, во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а Манифестот до македонскиот народ од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност, односно Асномска Македонија.

„Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки“, објави Ногачески на својот фејсбук статус.