Општини
Касами: Се поставува атмоферска канализација со вкупна должина од пет километри во три градски подрачја

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами информираше дека во тек е изградба на вкупно пет километри атмосферска канализациска инфраструктура, со вложени над 96 милиони денари. Петте километри канализациски цевки се поставуваат во три подрачја на градот.
-Станува збор за значаен проект за атмосферска канализација од населбата „Вонвардарска“ и комплексот Тетекс, кон Урбан блок бр. 59 и до новиот колектор за атмосферски води во селото Фалише. Вкупно 2,5 километри атмосферска канализација во овие три сегменти, со инвестиција од околу 52 милиони денари. Исто така, се гради и колектор за атмосферска канализација на булеварот „Видое Смилески Бато“ во должина од 1.150 метри, со инвестиција над 25 милиони денари. И во населбата Дарданија го решаваме овој проблем. Таму се гради колектор за атмосферска канализација во должина од 950 метри, со вкупна вредност од 19,5 милиони денари, информираше Касами на прес-конференција.

Тој обраложи дека општината работи со цел Тетово да се развива во секој сегмент.
-На почетокот на мојот мандат, Тетово го затекнав со долг од 24 милиони евра и со 1001 нерешен проблем. Не беше направено ништо. Тетово беше уништено во секој аспект. Наместо да се жалиме и да бараме оправдувања, избравме да ги засукаме ракавите и да ги решаваме проблемите еден по еден. Денес, ви презентирам уште едно решение, уште еден голем проект што значително ќе ја подобри инфраструктурата, безбедноста и благосостојбата на граѓаните. Времето на застој помина. Тетово се трансформира, а овој развој ќе продолжи со Второто поглавје, уште подобро, уште посилно, истакна Касами.
октомври 4, 2025