Општини
Костадиновски: ОУ ,,Гоце Делчев“ во Виница добива нова спортска сала

Јас сум Митко Костадиновски, човек од овој град, човек на Виница.
Со гордост секогаш стојам пред вас и со вас, затоа што знам дека само заедно можеме да ја вратиме силата на Виница. Како што нашите предци теракотни икони, симбол на вечноста, така и ние треба да оставиме нешто трајно за нашите деца.
Овде во ОУ ,,Гоце Делчев“, ќе изградиме спортска сала. Нашите деца заслужуваат дом на спортот, каде ќе растат здрави, силни и горди.
Виница од секогаш раѓала херои. Време е да им дадеме вистински услови на нашите деца, кои се иднина на Виница и Република Македонија.
Јас сум Дејан Михајлов, професор по физичко и здравствено образование, спортски работник и кандидат за советник во Совет на Општина Виница, но пред се родител којшто знае колку значи спортот за децата и младите. Гледајќи ги младите како играат по улици и дворови, ветуваме изградба на училишна спортска сала, каде што ќе ја градат својата иднина, за нивното здравје, за нашата Виница.
Заедно ќе ја градиме Виница на горди генерации. Град што го заслужуваат нашите деца. Виница е вечна, затоа што ние сме вечни, кога сме обединети.
Направи го вистинскиот избор! За твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!
октомври 3, 2025