Connect with us

Општини

Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

Жителите на улица Илинденска, предолго живеат со два големи проблеми.

Уништен асфалт, и постојан страв од поплави при секој пороен дожд поради излевањето на чучорскиот тандер. Ова е небезбедно и недостоинствено.

Ставаме крај на тоа. Нашиот проект предвидува трајно решение.

Прво, целосно ќе го исчистиме, продлабочиме и бетонираме коритото за да ги заштитиме домовите од поплави.

Веднаш потоа, улицата илинденка ќе добие комплетно нов квалитетен асфалт.

Заокружете го бројот 9,

За безбедно и уредено Берово.