Connect with us

Општини

Владев: Во Свети Николе ќе се гради Дом за стари лица

Во работна посета на Општина Свети Николе денеска престојуваше заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, информираше градоначалникот Дејан Владев.

Тој истакна дека на состанокот разговарале за повеќе теми од заеднички интерес и идната соработка помеѓу локалната самоуправа и Министерството.

-Најважната вест е дека заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе почнеме со изградба на нов старечки дом, кој ќе обезбеди достоинствени услови и квалитетна грижа за нашите повозрасни сограѓани, вели Владев.

Тој додаде дека Општина Свети Николе продолжува со посветена работа во интерес на сите генерации.