Општини
Тоневски: Злетово добива нов спортски терен

Инвестициите во спортот и спортската инфраструктура се инвестиции во здравјето на граѓаните и во правилен развој на нашите деца.
Овде во Злетово, целосно ќе го реконструираме фудбалското игралиште, ќе ја обновиме тревната површина, а теренот ќе добие и трим патека.
За уште повеќе да се развие спортскиот дух и да се создадат услови за организирање на спортски натпревари, ќе се реконструираат и соблекувалните, а навивачите гласно ќе ги бодрат екипите од новите трибини.
Време е за конкретни мерки и проекти. Да ги вратиме младите на спортските терени, да создадеме услови за подобро физичко здравје на повозрасните сограѓани.
Заедно да ја градиме иднината, за нас, за нашите деца и за нашите родители.
октомври 2, 2025