Општини
Четврти ден кампања за Локалните избори 2025

Кандидатите за локалните избори денеска на четвртиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Карбинци (17:00), Чешиново Облешево (18:00), Зрновци (19:00) и Виница (20:00).
Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Студеничани (17:30), Зелениково (17:30), Кисела Вода (18:30) и Аеродром (20:00).
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во 12:00 часот ќе одржи прес-конференција во Хиподром на локацијата (https://maps.app.goo.gl/V6U7q5sxWefYghmx9?g_st=ipc).
Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Мартин Костовски ќе биде меѓу граѓаните на Куманово. Во 12:30 часот, во центарот на Куманово, претседателот на СДСМ ќе даде изјава за медиумите (точна локација: булевар Трета Македонска бригада, кај градски пазар)
Kандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова ќе одржи прес-конференција во седиштето на СДСМ во 11:30 часот на тема: Топ 20 проекти од програмата.
Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Општина Тетово од ВРЕДИ Билал Касами во 13:00 часот ќе одржи прес-конференција во Урбан Блок 70 во Тетово.
Работничка Партија денеска во 13:00 часот во населеното место Трубарево ББ, наспроти безнинската пумпа Лукоил ќе ги промовира кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба Тоне Димковски и носителот на листата на советници Војо Петрески.
Изборната кампања, која почна во понеделникот, ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.
Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.
Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16
октомври 2, 2025