Општини
Дејан Глинџарски ја претстави визијата за Делчево

Кандидатот за градоначалник на Делчево Дејан Глинџарски денеска ја презентираше својата визија за развој на градот како дел од кампањата за локалните избори. Во видео објава на социјалните мрежи, Глинџарски ги истакна капиталните проекти кои, според него, ќе ја трансформираат општината и ќе создадат нови можности за сите граѓани.
-Делчево заслужува град на достоинствен живот, со инфраструктура и услуги кои инвестираат во луѓето и иднината на нашите деца, истакна Глинџарски.
Меѓу приоритетните проекти кои ги претстави се Дом за стари лица „Сигурна старост“, современ дом со капацитет од 80–100 корисници каде највозрасните сограѓани ќе добиваат медицинска грижа, активности и поддршка за квалитетен живот, Куќа на културата „Срце на градот“, мултифункционален културен центар со сала за претстави, концерти, изложбен простор и музички студија наменет за младите, уметниците и сите љубители на културата и Централен плоштад „Лице на Делчево“, ново уредено градско срце со пешачки зони, зелени површини, фонтана и простор за јавни настани и собири како симбол на заедништво.
Глинџарски посочи дека овие проекти се повеќе од инфраструктура. Тие, како што рече, се инвестиции во граѓаните и во иднината на Делчево.
– На 19 октомври заедно можеме да го направиме Делчево град на нови можности, рече Глинџарски.
октомври 1, 2025