Општини
Мицкоски: Во Струмица има шанса да победиме уште во првиот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „360 Степени“ вели дека големи се шансите кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Јанков во Општина Струмица да победи уште во првиот круг.
Мислам дека Петар е многу блиску, а тоа им го кажав и на активистите на партијата кога бев на состанок во општинскиот комитет, Струмица е многу блиску да ја завршиме уште во првиот круг, порача Мицкоски.
На прашањето како ги коментира шпекулациите дека докторот Никола Маџунков бил фаворит на членството на ВМРО-ДПМНЕ во ОК Струмица, Мицкоски посочи дека и кандидатот за градоначалник Петар Јанков, но и носителот на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ Никола Маџунков се исклучително чесни и посветени луѓе.Двајцата се перфектни луѓе и личности. Ги познавам и Петар и докторот Маџунков. Двајцата се би рекол исклучително чесни и посветени и за мој вкус тивки луѓе. Мислам дека ќе треба во периодот кој што следи да го кренат и својот глас и карактер, бидејќи ќе влезат во средина во која се создадени системи и позиции од одредени структури кои изминатите 20 години палеа и жареа во Струмица. И затоа и на нив им го кажав тоа, дека ќе треба малку пркос и дека од сега ќе треба да работат на тимот со кој што потоа ќе работат во општината, потенцираше Мицкоски.
септември 30, 2025