Connect with us

Економија

Божиновска: Нашата визија е јасна – енергетски стабилна Македонија со повеќе обновливи извори

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Жени во енергетиката“ во рамки на Конференцијата „Јас сум жена“.

„Нашата визија за енергетска Македонија е јасна – да бидеме земја што произведува
доволно енергија за сопствени потреби, притоа поголем дел од неа да биде од обновливи
извори и да имаме модерна и дигитализирана мрежа што е дел од европската енергетска
архитектура. Македонија мора да биде стабилна за своите граѓани и компании, но и
доверлив партнер во регионот“, изјави министерката.