Connect with us

Култура

Почина хрватскиот продуцент Игор А. Нола

Друштвото на филмски работници на Македонија соопшти дека почина Игор А. Нола, истакнат хрватски филмски продуцент, кој значаен дел од својата професионална кариера го помина и во нашата земја.

Како што информираат од Друштвото на филмските работници на Македонија, Нола зад себе остави четиридецениска меѓународна кариера со повеќе од 60 филмски и телевизиски остварувања.

Во периодот од 1994 до 1998 година беше директор на продукција во „Вардар филм“ во Скопје, каде што даде значаен придонес во развојот на македонската кинематографија. Работеше на филмовите „Џипси меџик“, „Преку езерото“, „Како лош сон“, „Превртено“, „Лазар“ и „Ослободување на Скопје“.

Неговата богата меѓународна филмографија ги вклучува и остварувањата „Welcome to Sarajevo“, „The Peacemaker“, „The Whistleblower“, „The Parade“, „Goltzius and the Pelican Company“ на режисерот Питер Гринавеј, „Diana“, „Sparrows“, добитник на Златната школка на фестивалот во Сан Себастијан, „Hitman’s Wife’s Bodyguard“ и „Speak No Evil“.

Од Друштвото на филмските работници истакнуваат дека Нола ќе остане запаметен како исклучителен филмски професионалец, драг колега и голем пријател на македонскиот филм. 

Ad
Ad