Connect with us

Свет

Петмина турски војници загинаа при пад на воен хеликоптер кај Ескишехир

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пет војници загинале при пад на хеликоптер на Командата на воздухопловните сили, за време на лет за обука во Ескишехир.

Министерството не ја откри причината за падот на хеликоптерот од типот „АС-532“. Тие наведоа дека хеликоптерот се урнал за време на воена вежба, пренесе агенцијата Анадолија.

Ad
Ad