Connect with us

Живот

Ватикан го објави дневникот на папата Франциск: Човечност, стравови, жед за Бог, искушенија

 Ватикан денеска ја објави книгата со белешки „Личниот дневник на папата Франциск“, во издание на Ватиканската издавачка куќа.

Како што наведува „Ватикан њуз“, книгата излегува на пет јазици, а ќе се дистрибуира во 94 земји.

Уредник на книгата е кардиналот Виктор Мануел Фернандес, долгогодишен пријател на папата Франциск.

Еден дел од дневникот се однесува на „духовната криза“ за која папата Франциск наведува дека поминувал низ неа во текот на две години од понтификатот, од почетокот на 2021 па сè до 2022 година.

Тој период се совпаѓа со влошувањето на неговата здравствена состојба, но и со, како што наведува, „одлучните напади на силите на злото“.

Папата Франциск, Хорхе Марио Бергољо, беше првиот папа од Језуитскиот ред. Тој беше римокатолички поглавар од 2013 до неговата смрт во 2025 година.

Ad
Ad