Connect with us

Општини

Во Битола ќе се гради пречистителна станица

Управувачкиот Комитет задолжен за следење на реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и реконструкција на канализационата мрежа во Битола одржа состанок со што почна процесот за изградба на овој објект.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека во Управувачкиот Комитет на проектот членуваат претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Битола, Јавното претпријатие „Нискоградба“, Министерство за финансии и Делегацијата на ЕУ, пред кои е презентиран тековниот статус и напредокот на проектот.

-Проектот е пред повеќе предизвици, организацијата на градилиштето, мобилизацијата, безбедносни прашања на градилиштето, како и квалитетот на работата. Следните активности за периодот кој следи вклучуваат интензивирање на работите околу проектирањето и подобра координација меѓу сите засегнати страни. Овој проект е важен чекор за подобрување на животната средина, третманот на отпадните води и инфраструктурата во општината Битола, соопштија од тамошната локална самоуправа.