Ракомет
Ракометарите на Вардар со максимален ефект во Супер лигата
Лидерот на табелата и првак Вардар ја продолжи победничката серија во домашното ракометно првенство откако попладнево, во дуелот од 11. коло како гостин славеше победа против Мулти Есенс со 38:33. Ова е 11-ти триумф за „црвено-црните“ и сега се наоѓаат на првата позиција на табелата со максимални 22 бода. Екипата на Мулти Есенс остана на последното место на табелата со 2 бода.
Избраниците на тренерот Иван Чупиќ постојано беа во водство, а на полувреме резултатот беше 19:17. Двете екипи беа подобри во напаѓачките варијанти и беа постигнати 71 гол.
Кај победникот најефикасен беше Матео Фадуил со 11 голови, а поранешниот играч на Мулти Есенс Бобан Поповски постигна 9 голови без промашување. Во редовите на Вардар првиот натпревар го имаше и голманот Милан Бомаштар.
На претходно одиграните дуели од оваа рунда резултатите се: Алкалоид – Еурофарм Пелистер 30:28 и Тиквеш – Охрид 25:39. Утре се играат натпреварите: Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп, Младост – Струга и МРК Куманово – Бутел.
ноември 21, 2026


