Connect with us

Кошарка

Тејтум се надева дека ќе игра во новата сезона во НБА

Кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум, се надева дека ќе закрепне до почетокот на новата сезона во НБА. Дваесет и седумгодишниот Американец продолжува со заздравување од операцијата на Ахилова тетива на десното стапало.

– Тоа е прашањето од милион долари. Мислам дека најважното нешто за мене и мојот тим, лекарите и клубот е целосно заздравување и враќање 100 проценти. Не брзам со работите. Но, не реков: „Еј, нема да играм оваа сезона“ или нешто слично. Дали имам цел? Секако, нема само да тренирам и да се рехабилитирам шест дена во неделата, напиша Тејтум на на социјалната мрежа X.

Играчот ја претрпе повредата кон крајот на четвртиот натпревар од второто коло од плејофот на НБА против Њујорк.

Во сезоната 2024/25, Тејтум играше во 72 натпревари од регуларната сезона, со просек од 26,8 поени, 8,7 скока и 6 асистенции.