Connect with us

Свет

Ученик нападна наставничка во училиште во Франција

Наставничка по музичко во основно училиште во Франција е избодена со нож во лицето денеска за време на часот и е во критична состојба, јавува телевизијата БФМ.

Наставничката (66), жртвата на нападот, е хоспитализирана и е во критична состојба. Напаѓачот, според БФМ ТВ, е 14-годишен ученик и е уапсен кратко по нападот.

Жандармеријата соопшти дека напаѓачот се обидел да избега и се избодел за време на апсењето.

Младиот човек бил однесен со хеликоптер во локална болница и е во критична состојба, дознава БФМ ТВ од извор близок до истрагата.

Осомничениот наводно е ученик кој бил сместен во дом и бил познат во неговото училиште по пишување нацистички графити.

Причината за нападот сè уште не е позната.

Учениците во основното училиште „Роберт Шуман“ биле евакуирани и собрани во училница кратко по нападот.

Тие се под заштита на жандармеријата, а на нивните родители им е кажано дека можат да дојдат и да ги земат своите деца.

Министерката за национално образование и млади на Франција, Елизабет Борн, остро го осуди нападот.

-Ја изразувам мојата солидарност со наставникот и училишната заедница. Единицата за итни случаи е активирана за да им обезбеди поддршка на сите ученици и персонал, рече таа.