Connect with us

Ракомет

Убедлив старт на македонските ракометари во евроквалификациите, Луксембург совладан со +18

Македонската машка ракометна репрезентација очекувано со убедлива победа ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство 2028, откако вечерва во Скопје триумфираше над Луксембург со 41-23.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров максимално фокусирано влегоа во воведниот натпревар во групата 8 и ја оправдаа фаворитската улога, извојувајќи важна победа пред следниот дуел против Грција.

Македонија ги отвори резултатот со серија од 3-0, а до средина на полувремето имаше предност од 9-1.

Второто полувреме почна со двоцифрена предност на македонските ракометари (20-10), кои во продолжението постепено ја зголемуваа предноста која во завршната минута се искачи на највисоки +18 голови разлика.

Никола Костески со шест и Александар Петковски и Мартин Серафимов со по пет голови беа најефикасни македонски ракометари.

Македонската репрезентација ќе ги продолжи евроквалификациите в недела против Грција на гостински терен, по што својот фокус ќе го насочи кон настапот на Светското првенство во јануари идната година.

Ad
Ad