Свет
Кулбергс доби мандат за формирање влада на Летонија
Претседателот на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска, по повеќе од еден месец од изборите, официјално му го додели мандатот на премиерот Андрис Кулбергс за формирање влада.
– Владата нека биде стабилна, продуктивна и нека го отслужи целиот четиригодишен мандат – истакна Ринкевичс на средбата со 47-годишниот Кулбергс.
Вчера се одржа првата седница на парламентот на Летонија, земја членка на ЕУ и на НАТО, што граничи со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија.
Кулбергс, кој ја презеде функцијата привремен премиер во мај, победи на парламентарните избори на почетокот од минатиот месец, а неговата партија Обединета листа обезбеди 41 од 100-те места во парламентот.
Кулбергс, во видеообраќање на Икс, изрази благодарност за доделениот мандат посочувајќи дека „има голема одговорност пред летонската држава и народ“.
Тој веќе одржа консултации со другите партии во парламентот и планира да продолжи со дискусиите за формирање коалиција.
И Ринкевичс и Кулбергс изразија надеж дека новата коалиција ќе биде формирана до националниот празник на Летонија, 18 ноември. На Кулбергс му е потребен барем уште еден коалициски партнер за да формира мнозинска влада.
ноември 5, 2026


