Connect with us

Свет

Туск по победата на демократите на меѓуизборите во САД: Колку само ја сакам демократијата

По веста за вчерашната победа на демократите на меѓуизборите во САД, полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави „Колку само ја сакам демократијата!“, 

Туск додаде дека е задоволен што „демократијата очигледно е сè уште жива“.

„Имаме добри односи и немам право да го советувам претседателот на САД“, но сепак додаде дека неговиот совет до Доналд Трамп „е да не го злоупотребува ветото како метод на управување“.

„Од полското искуство можам да кажам дека ветото не помага добро да се води политика“, рече Туск на прес-конференцијата по средбата со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Полскиот премиер изјави дека се надева дека исходот од изборите во САД ќе помогне да се стабилизира ситуацијата во регионот каде што се наоѓаат Полска и Чешка, а чешкиот премиер изјави дека се надева дека Трамп ќе се посвети на тоа што го вети: да ја заврши војната во Украина и да ја запре војната во Персискиот Залив.

Тој истакна дека тие две војни имаат многу негативен ефект врз цела Европа, која „ја плаќа  најголемата цена“, рече Бабиш.

Ad
Ad