Свет
„Блумберг“: САД ќе бараат од сојузниците во НАТО доплата за веќе одобреното оружје за Украина
САД планираат да побараат од сојузниците во НАТО доплата на средства за финансирање на испораките на американско оружје за Украина, бидејќи за веќе одобрените пакети вооружување недостигаат околу две милијарди долари, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Вашингтон веќе известил неколку земји членки на Алијансата дека ќе побара дополнителни средства, но засега не е познато за колкав износ станува збор.
Според изворите, САД продолжиле да испорачуваат оружје за Украина и пред сојузниците да ги обезбедат средствата за негово плаќање. Поради тоа, финансискиот недостиг би можел дополнително да се зголеми доколку Пентагон одобри нови испораки.
Оружјето од САД за Украина се обезбедува преку Програмата ПУРЛ, еден од клучните механизми на НАТО за снабдување на Украина со американско оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана и друга воена опрема.
ноември 4, 2026


