Connect with us

Тенис

Алкараз ја освои титулата во Виена

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои АТП турнирот во сала од серијата 500 во Виена, триумфирајќи попладнево во финалето против Австралиецот Алекс де Минаур со 6-1, 6-4.

Двајцата тенисери прв пат во играа во финалето на турнирот во Виена, а Алкараз одлично го отвори натпреварот со два брзи брејка и по само дваесет минути водеше со 4:0.

Австралиецот го освои следниот гем за 1:4 и од тој момент Алкараз ги доби следните три гема со еден брејк и поведе со 1:0 во сетови.

Вториот сет донесе многу понеизвесна борба и немаше брејк цели 50 минути сè до десеттиот гем кога Алкараз му го одзеде сервисот на противникот, а потоа беше сигурен на својот сервис за конечни 6-4 во вториот сет.

Дваесетитригодишниот шпански тенисер прв пат со триумфот во Виена дојде до својата 26 титула во кариерата.

Ad
Ad