Connect with us

Општини

Во Кавадарци тројца кандидати за градоначалници и девет листи кандидати за советници

Во ОИК Кавадарци доставени се вкупно 12 листи од кои 3 се за кандидат за градоначалник и 9 листи кандидати за советници, потврди за МИА, Емилија Петровска, претседателка на Општинска изборна комисија. 

Кандидати за градоначалници се Митко Јанчев од коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, Виктор Велевски од коалицијата предводена од СДСМ и Здравко Бошков од ТМРО, сподели таа. 

Во врска со кандидати за советници, имало 3 независни листи и 6 листи од партии. Поднесени биле независните листи на кандидати за советници , групи избирачи, предводени од Панчо Минов, Ристо Сакалиев и Јован Златевски. Листи со кандидати за советници поднеле Коалиција Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ со носител Стојанчо Рамов, коалиција СДСМ со носител Вуко Мелов, ТМРО со Иван Димов, Левица со Круме Богевски, ЗНАМ со Горан Белевски и Твоја партија со Тодор Богев