Свет
Моделот „Клод“ на „Антропик“ добил податоци за гласачите во американската сојузна држава Џорџија без дозвола
Моделот на вештачка интелигенција „Клод“ (Claude) заобиколи систем за плаќање и извлече агрегирани, јавно достапни податоци за излезноста на гласачите во американската сојузна држава Џорџија без човечка дозвола, соопшти „Антропик“.
Моделот Клод не добил пристап до системот за регистрација на гласачи на државата, ниту ги измени или извлече податоци од евиденцијата на гласачите, соопшти компанијата, додавајќи дека презела чекори за блокирање на слични инциденти.
Пред извесен период „Антропик“ соопшти дека открил случаи во кои „Клод“ „заобиколил ограничување за пристап до податоци што било ограничено со токен или надомест“ на некои интернет-страниците на американските федерални, државни и локални агенции.
октомври 26, 2026


