Свет
Петти пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина
Кинеската Комунистичка партија од денеска одржува четиридневен состанок на највисоките партиски функционери, на кој треба да бидат усвоени конкретни мерки за „целосно и строго самоуправување со партијата“, во време кога претседателот Шји Џјинпинг настојува да го зацврсти својот авторитет и да наметне идеолошко единство.
Шји го информирал Централниот комитет за нацрт-документ што се однесува на предизвиците со кои се соочува партијата, вклучително и зајакнувањето на нејзините управувачки капацитети и борбата против корупцијата, прашање на кое претседателот особено инсистира во текот на своето владеење.
Спроведувањето на клучните одлуки и планови на Централниот комитет не смее да остане само на празни зборови, пишуваа кинеската државна агенција Синхуа.
„Клучно е да се усовршат институционалните правила и прописи за да се затворат правните празнини и да се зајакнат заштитните механизми, како и да се обезбеди нивна ефикасна примена“, се истакнува во агенцискиот коментар.
Состанокот на Централниот комитет се одржува зад затворени врати. Ова е петти ваков состанок откако актуелниот состав беше формиран во 2022 година, поради што е познат како Петти пленум.
октомври 26, 2026


