Општини
Изградени пристапен пат и паркинг простор околу затворениот базен во Штип

Во тек се последните подготовки пред отворањето на затворениот базен во Штип. Денеска се асфалтираше пристапниот пат и паркинг пристапот околу објектот, со што се реализираат обврските на Општина Штип поврзани со објектот. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција најави дека од утре базенот ќе биде пуштен во употреба.
-Со денешното асфалтирање се завршени сите активности поврзани со изградбата на затворениот базен, објектот на затворениот базен. Знаете дека овој објект неколку години беше блокиран со изградба. Не се одвиваа никакви активности. Општина Штип превзеде одредени активности во делот на уредување, асфалтирање на пристапот, на паркинг површината и околу површината на самиот објект, а Министерството за спорт продолжи со активностите за завршување на објектот во заедничка координација со општината и со фирмата изведувач, вели Јорданов.
Општина Штип за градежните активности околу затворениот базен од буџетот издвои 1,4 милиони денари. Паралелно на овие активности општината работи и на Дино паркот кој се очекува деновиве да биде ставен во функција.
септември 23, 2025