Connect with us

Свет

Најмалку 38 повредени при уривање на таван во супермаркет во Јужна Кореја

Најмалку 38 лица се здобиле со полесни повреди кога дел од гипсениот таван се урнал во супермаркет во јужнокорејскиот град Тегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.

Девет лица се згрижени во болници, а екипите на итните служби на местото на настанот процениле дека е мала веројатноста некој да се здобил со потешки повреди. На објавените фотографии се гледаат спасувачи како го пребаруваат оштетениот дел од вториот кат на четирикатната зграда.

Од кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопштија дека тој им наложил на надлежните службеници да направат сè што е потребно за да ги спасат луѓето и темелно да одговорат на инцидентот.

Ad
Ad