Connect with us

Хроника

Малолетник физички нападнат од неколку малолетници во основно училиште во Велес

Во СВР Велес, вчера во 13:45 часот, 42-годишен велешанец пријавил дека во основно училиште во Велес неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, информираат попладнево од СВР Велес.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа Велес.

Од СВР Велес посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.