Хроника
Пронајдена неексплодирана рачна бомба покрај река во село Паничари
Неексплодирана рачна бомба била пронајдена покрај река во село Паничари, скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Скопје вчера во 11:45 часот, А.И.(49) од село Бојане, скопско, пријавил дека во село Паничари, покрај реката, пронашол неексплодирана рачна бомба.
Полициски службеници излегле на местото, а бомбата била подигната за понатамошна постапка.
октомври 7, 2026
