Вести
Мицкоски: Речиси 25 милиони евра од буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти во претшколското образование
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека речиси 25 милиони евра се децентрализирани од буџетот до општините за реализација на капитални проекти во претшколското образование.
– Речиси една и пол милијарда, ако не се лажам, милијарда и петстотини милиони денари или речиси 25 милиони евра се децентрализирани од буџетот кон општините за изградба, проширување, реконструкција, пренамена и на градинки – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детската градинка во Шуто Оризари
Појасни дека во Скопје е во тек реализација на 16, а во Македонија 37 детски градинки.
– Значи, 16 се во фаза на изработка во Скопје, а 37 се на целата територија на земјата. И со тоа, како што реков, очекувам резултатот на крајот да биде да нема повеќе листи на чекање за дечињата – рече премиерот Мицкоски.
октомври 7, 2026
