Connect with us

Фудбал

Тиквеш броеше до 13 голови во натпревар од Купот

Фудбалерите на Тиквеш со убедлива победа од 13:0 како гостин против Крошу Спорт Битола се изборија за пласман во следното коло од куп натпреварите. Фаворитската улога екипата од Кавадарци ја потврди на полувреме кога постигна пет голови, а во вториот дел беа постигнати уште осум.

Пласман во следната рунда со победи во елиминациското коло обезбедија: Струга ТЛ, Пелистер, Брера, Македонија ЃП, Вардар, Башкими, Каменица Саса, Брегалница Штип, Шкендија Арачиново, Скопје, Новаци, Беласица и Арсими.

Пласман во следното коло како освојувач на Купот на Македонија од 2026 година има обезбедено екипата на Силекс.

Последниот натпревар од елиминациското коло во Купот меѓу Вардар Неготино и Работнички се игра на 14.октомври.