Хроника
Од мал групен дом во Градско се оддалечила 38 годишна штитеничка
Во Полициската канцеларија Градско во саботата вечерта било пријавено дека од Мал групен дом во Градско се оддалечила 38-годишна штитеничка, информираа денеска од СВР Велес.
Пријавата била поднесена во 19:30 часот, а станува збор за Ј.Ц., која, според информациите од СВР Велес, имала здравствени проблеми.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
октомври 6, 2026
