Connect with us

Хроника

Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, ноќеска во 00:15 часот, на локалниот пат во село Радолишта, струшко извршил преглед над лицето Е.М.(23) од Охрид, при што биле пронајдени неколку паковки со кокаин.

Од МВР оопштија дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.