Connect with us

Општини

Во Битола одбележана Европска недела на мобилност

 Во Битола се одбележа Европската недела на мобилност која годинава е во знакот на мотото „Комбинирај и движи се!“.

Општина Битола го поддржа и се вклучи на глобалниот европски настан со учество на ученици од основното училиште „Елпида Караманди“ кои заедно со своите професори покажаа колку се значајни новите велосипедиски патеки за сите учесници во сообраќајот во градот, особено за децата.

-Локалната самоуправа има активна улога за да се подобри инфраструктурата и изградбата на тротоари и вело патеки преку кои ќе се создадат потребните услови за поголемо користење на велосипед, но и зголемена безбедност за пешаците, како учесници во сообраќајот. Во оваа насока и со цел одржлива мобилност, покрај вело патеките во должина од над 5 километри, наскоро ќе добиеме и нова вело инфраструктура, истакна градоначалникот Коњановски.

Европската недела на мобилност се одбележува во  2010 градови од 44 држави од Европа и светот.