Свет
Во Иран обесено лице осудено за шпионажа за израелската разузнавачка агенција Мосад
Иран егзекутираше човек осуден за доставување разузнавачки информации до Израел за ракетни бази за време на минатогодишната 12-дневна војна, објавија британските медиуми, повикувајќи се на иранската судска агенција Мизан.
Хосеин Педаран беше обесен откако Врховниот суд ја потврди неговата смртна казна по обвинението за шпионажа и соработка со израелските тајни служби.
Мизан објави дека Педаран ѝ дал на израелската разузнавачка агенција Мосад информации за тајни воени локации во покраината Исфахан и дека извршувал шпионски активности за финансиска добивка.
септември 20, 2026
