Connect with us

Свет

Зеленски го назначи Антон Ковалски за вршител на должноста главен обвинител на Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го назначи Антон Ковалски за вршител на должноста главен обвинител на Украина, објави Укринформ откако декретот со број 946/2026 беше објавен на веб-страницата на претседателот на Украина.

„На Антон Анатољевич Ковалски му се доверени должностите на главен обвинител“, се наведува во документот.

Ковалски( 42) е роден во Виница, дипломирал на Националната академија за обвинителството на Украина во 2011 година, а истата година ја започнал својата кариера во обвинителството. За време на својата работа ги извршувал позициите виш истражител, виш обвинител во обвинителството на градот Виница, виш обвинител во обвинителството на регионот Виница, како и раководни позиции во одделенијата за следење на почитувањето на законот во кривичните постапки.Од септември 2020 до октомври 2021 година, тој беше заменик-шеф на Обвинителството на Виничката област, а од ноември 2021 година, беше шеф на Обвинителството на Черновската област. На 1 јули 2025 година, Коваљски беше назначен за шеф на обвинителството на регионот Хмелницки.

Зеленски пред два дена го разреши Руслан Кравченко од функцијата главен обвинител, откако Врховната рада претходно го одобри неговото разрешување.