Свет
Сибиха: Во руските напади оштетени или уништени се повеќе од 500 локомотиви
Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска изјави дека од почетокот на војната руските сили уништиле повеќе од 500 локомотиви.
– Ги повикуваме нашите партнери итно да ни помогнат да пронајдеме локомотиви компатибилни со ширината од 1.520 мм, како и со финансирање за да се забрза купувањето нови, објави Сибиха на платформата Икс.
Тој додаде дека половина од погодените локомотиви биле уништени годинава.
Русија во изминатиот период ги интензивираше нападите врз украинската железничката инфраструктура.
септември 16, 2026
