Connect with us

Општини

Изложба и дефиле на олдтајмери во Вевчани и Охрид

Во спортското двориште во Вевчани в сабота ќе се одржи изложба на олдајмери, дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила, а во организација на Олдтајмер клубот ВМ Класик.

Општина Вевчани апелира до локалното население да се воздржат од паркирање на своите возила во спортското двориште.

Стартот на релито со олдајмети „ВМ Класик рели- запад“, според организаторот, е закажан за 20 септември од Скопје, а првата и втора етапа се со завршници во Фалише и Маврово. 

Целта на третата етапа и крајот на натпреварувачкиот дел ќе биде во Вевчани, каде што ќе се одржи и изложбата на возилата. Дефиле и изложба ќе бидат организирани и на плоштадот во Охрид следниот ден, в недела.

Организатотите посочуваат дека на релито ќе се настапува согласно сите сообраќајни прописи и правилата од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.