Свет
Д-р Пјер Кори: Од академијата до војна со фармацевтскиот сектор – Ништо нема да му се случи на Фаучи, но тој е социопат и одговорен за смртта на многу луѓе
Докторите што за време на ковид-пандемијата беа замолчувани од системот на Фаучи стануваат сѐ погласни во јавниот простор откако администрацијата на претседателот Трамп застана отворено во демаскирање на фармакоиндустријата за време на здравствената криза. Последно во низата е поткаст-гостувањето на американскиот лекар Пјер Кори (Pierre Kory), специјалист по пулмологија и интензивна нега со магистериум по јавна администрација. Тој изнесува остри критики кон американскиот здравствен систем и официјалните пандемиски протоколи за време на гостувањето во поткастот Healthy and Awake Podcast со домаќинот Мајк Вера.
Кори, кој порано работел како дел од раководниот тим на интензивна нега на Универзитетот во Висконсин-Медисон, во поткастот детално раскажува за својата професионална пресвртница по поднесувањето оставка. Против него била поведена и постапка за одземање на медицинската лиценца, со што станал „невработлив во медицината поради ставовите за ковид“, особено поради промовирање на „ивермектинот“.
Жестоки критики за Ентони Фаучи и системските пропусти
Централен дел од критиките на д-р Кори е упатен кон Ентони Фаучи и неговото долгогодишно раководење со медицинскиот комплекс. Според Кори, Фаучи го преструктуирал бионаучното истражување за да им овозможи на вработените во NIH (Националниот институт за здравство на САД) да добиваат авторски хонорари (royalties) ставајќи ги интересите на фармацевтската индустрија пред здравјето на граѓаните.
„Во однос на одговорноста, мислам дека најдоброто што ќе го добиеме е она што го добивме – човек што уживаше во слава и успех со масовни финансии, тој е исклучително богат. Тој работеше за фармацевтската индустрија, тие му го чуваат грбот и ништо лошо нема да му се случи. Сепак, мислам дека тој е нарцис и, дефинитивно, социопат… ‘Свети Фаучи, спасителот од ковид’ – тој беше касапот за време на ководот! Предизвика толку многу непотребна смрт“, коментира докторот.
Вели дека последните сослушувања пред Сенатот претставувале соголување на системските пропусти и одлуки што имале глобални последици:
„Навистина верувам дека неговите постапки доведоа до смрт на милиони луѓе… Тој треба да влезе во историјата како еден од најштетните луѓе за човештвото, рамо до рамо со геноцидните диктатори“, констатира Кори.
Сведочењето за „ивермектинот“ и организираните дезинформации
Говорејќи за своите искуства, д-р Кори нагласува дека „ивермектинот“ бил жртва на масовна, глобално координирана дезинформациска кампања водена од институциите, научните списанија и главните медиуми. Тој потсети на сопственото сведочење пред американскиот Сенат по што следувале медиумски напади од „Асошиетед прес“ и повлекување на неговиот веќе рецензиран научен труд од страна на списанијата.
„Ја преживеав кампањата за ‘средство за чистење црви кај коњи’. ‘Не си коњ, не си крава’. Тоа беше смртоносна дезинформација. И се сеќавам кога конечно го разложив редоследот, каде што го видов моментот на твитот на ФДА (Федералната агенција за лекови на САД) на 19 август 2021 година, три дена подоцна меморандум од Центарот за болести на САД, кој беше пратен со сите лекари во Америка за тоа колку е опасен „ивермектинот“ – кој е еден од најбезбедните лекови во историјата, го дававме низ континентите за да се ослободиме од паразитски болести, но сега е опасен според ЦДЦ, сè ми стана јасно. И потоа Фаучи четири дена подоцна се појави на Си-ен-ен и велеше дека нема клинички докази дека ова функционира“, сведочи докторот.
Потоа следувале и санкциите:
„Кога јас и мојот партнер отидовме да се браниме пред Одборот за интерна медицина, Пол мислеше дека поминавме мошне добро… Но јас му реков: ‘Ова е однапред донесен заклучок, секако дека ќе ни ги одземат лиценците’. И две недели подоцна дојде писмото дека нашите лиценци се одземени“, раскажува д-р Кори во поткастот.
Според него, фармацевтската индустрија е економски пазар кој користи системски тактики за дискредитација кога и да се појави евтина и ефикасна терапија, што го загрозува постојниот бизнис-модел.
Хлор диоксидот не е белило: Оксидација наместо хлорирање и селективно уништување патогени
Она на што сега работи и истражува докторот е хлор диоксидот – уште едно можно алтернативно средство за лекување, на кое разбрал работејќи надвор од системот, комуницирајќи со доктори што биле или оспорувани за време на пандемијата или, пак, доаѓале од држави во кои „ивермектинот“ и хлор диоксидот биле легално прифатени од здравствениот систем. Се работи за хемиско соединение слично на т.н. белило (bleach), но во многу разредена концентрација, но кое, според докторот, не дјствлува преку хлорот, туку со оксидација што ги убива патогените. Токму поради хемиската блискост со белилото, критичарите го дискредитираат.
По напуштањето на универзитетскиот систем, д-р Кори ја основал Leading Edge Clinic, со фокус на третман на пациенти со долготраен ковид и здравствени последици по вакцинацијата со мНРА-вакцините за време на ковидот. Тој наведува дека конвенционалната медицина нема соодветни одговори, ниту расположливи лекови за овие состојби, поради што лекарите морале да бараат решенија во интегративната и алтернативната медицина.
„Отидов во приватна пракса со посебна цел да ги лекувам оние со повреди од вакцините против ковид, што е најголемата незадоволена медицинска потреба во модерното време. Мислам, овие кутри луѓе се толку болни. Навистина нема конвенционални терапии што помагаат“, вели д-р Кори.
септември 15, 2026
