Вести
ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за Локалните избори

Како што соопшти ДИК, со овој Меморандум трите институции ја зацврстуваат својата определба за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено постапување по утврдени неправилности.
-Посебен акцент е ставен на транспарентноста во финансирањето на изборната кампања преку редовна размена на финансиски извештаи, како и на заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива со цел спроведување слободни, фер и демократски избори. Меморандумот предвидува и меѓусебна соработка во делот на постапување по претставки, приговори и други постапки од заеднички интерес, консултации и размена на искуства, како и создавање и имплементација на заеднички проекти, се наведува во соопштението од ДИК.
Со потпишувањето на овој документ, како што се наведува, ДИК, ДКСК и ДЗР испраќаат јасна порака за нивната решителност да обезбедат кредибилен изборен процес и да ја зголемат довербата на граѓаните во институциите и изборите.
септември 18, 2025