Регион
Загреб: Средношколец избоде соученик и хигиеничарка
Две лица се повредени во Електротехничкото училиште во Загреб откако ученик со нож нападнал соученик и хигиеничарката.
Напаѓачот е веднаш приведен. Двете жртви се хоспитализирани, а ученикот е опериран.
Хрватското Министерство за здравство соопшти дека двете повредени лица се вон животна опасност.
септември 11, 2026
